Таравари за поделеноста на Алијанса: Се работи за фракција блиска до ДУИ

by Фокус

Ќе ја почитуваме секоја одлука која ќе ја донесе судот оти сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, изјави претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервју за Гласот на Америка.

-Другата страна имаа и малку проблеми за да соберат потписи за да докажат дека имаат две третини, нив им требаат две третини, а нас ни треба само една половина. Имаме повеќе од половина, повеќе од педесет отсто од делегатите, од членовите на Централното претседателство. Нив им требаат две третини – што е невозможно. Тоа е фракција во Алијансата за Албанците која што веќе неколку месеци е многу блиска до ДУИ, меѓутоа, сепак, и тоа е нивен легитимен став кој го почитувам – изјави Таравари.

Тој останува на ставот дека претседателот на државата треба да се избере во Собранието оти така ќе се намалат трошоците, а сепак, како што рече, се работи за држава со парламентарна демократија, а не претседателски систем. Воедно, дополни дека очекувал Али Ахмети да биде негов противкандидат, со цел да биде поинтересен политичкиот натпревар меѓу нив двајца.

Поврзани новости