Таравари: За нас пријателството со Америка е свето

by fokus

Коалицијата „Вреди“ и кандидатот за претседател Арбен Таравари одржаа митинг на Плоштад „Скендербег“ во близина на Старата скопска чаршија.

Таравари изјави дека е за Северна Македонија членка на Европската Унија, со трајно пријателство со САД и дека делата на коалицијата ВЛЕН ќе бидат целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД.

„Како претседател на Републиката, се обврзувам дека мојата надворешна политика ќе се заснова на европски и прозападни вредности, со цел членство на земјата во Европската унија. Тоа ќе го постигнеме со поддршка на нашиот постојан сојузник, без помош на кого не би биле таму каде што сме денес – Соединетите Американски Држави. За нас пријателството со Америка е свето и Коалицијата ВЛЕН вети дека секој чекор што ќе го преземеме во иднина ќе биде целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД, односно Северна Македонија интегрирана во ЕУ и далеку од руските влијанија, Северна Македонија излечена од епидемијата на корупција како предуслов за социјален и економски развој. Како претседател на Републиката, ветувам дека посветено ќе работам Северна Македонија да биде безбедна држава и да ја промовира регионалната безбедност и мир. Ќе се погрижам да имаме кредибилни одбранбени капацитети, како дел од нашите обврски во НАТО и ЕУ”, рече Таравари и додаде дека ќе се бори да ја врати довербата во правосудниот систем со борба против корупцијата и дека со сето свое битие ќе ја брани консензуалната демократијата , слобода на изразување и правосуден систем.

Поврзани новости