Таравари: Во „8-ми Септември“ има недостиг на персонал, итно треба да се вработат 30 до 60 сестри

by fokus

„Ќе се бара брзо решение за да се вработат 30 до 60 медицински сестри во ГОБ „8-ми Септември“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на оваа болница.

Покрај медицински сестри има недостиг и од доктори во болницата, а пред неколку месеци беа затворени и неколку операциони сали поради недостиг на персонал.

„Ќе разговарам и со министерот за финансии и со премиерот за што поскоро да го решиме проблемот. Да вработиме барем со договор на дело одредена бројка медицински сестри, со која би ја амортизирале состојбата, па понатаму да вработиме уште една група медицински сестри за да го достигнеме оптимумот, кој што е 60 вработувања“, изјави Таравари.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, Сашо Стојчев, рече дека болницата работи интензивно и изрази надеж дека со новите вработувања ќе може да ги отворат операционите сали и листите на чекање да се скратат.

 

Поврзани новости