93
Ќе го охрабриме и премиерот и владата за компромис за евроинтеграциите, ВЛЕН е гаранција дека нема да дозволи да се повтори 2008 година и Букурешт, а во ВЛЕН сме подготвени и за прифаќање на уставните измени и пред формирање на новата Влада, изјави Арбен Таравари, еден од лидерите на ВЛЕН.
Тој на поткастот „Политиканти“ истакна дека ВЛЕН има Агендата 2030, која, како што рече, сакаат да ја истерааат до крај.
-Секој проблем има решение, само треба да се најде решение – рече Таравари.
Тој додаде дека очекуваат помош од Петер Ванхокјте, кој пристигна за да го фасилитира дијалогот во Македонија на оваа тема, како и во комуникацијата со Софија.