Таравари: Преку Ковакс-системот сме нарачале 103.200 вакцини, а не 800.000

by Фокус

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, смета дека пристигнувањето на вакцините од Србија било доволно да се одбележи со една вест, но не, како што вели, половина од Владата да оди на Табановце.

„Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму? Јас го проверувам, сега го гледам системот Ковакс на телефон и ги гледам броевите дека Македонија е во системот Ковакс. Министерот рече дека нарачавме над 800 илјади вакцини преку системот Ковакс и сега гледам, резервиран број за Македонија е 103.200 вакцини – рече Таравари на Алсат М.

Поврзани новости