370
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари го нарече несериозен потегот на Али Ахмети министрите од ДУИ да си дадат оставки ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.
-Ова се многу несериозни постапки во период кој е многу важен за Република Македонија и мислам дека г. Али Ахли може да зборува само за ДУИ. Тој ја повика Алијансата за Албанците, но Алијанса за Албанците е автономна партија која своите одлуки ги носи главно со консултации со базата, партиската структура и потоа одлучуваат органите на Алијанса. Мислам дека е несериозно ни да се анализира овој предлог на Али Ахмети бидејќи од далеку се гледа дека тој не е сериозен, тоа е само за ПР што на крајот е и нивно право како политичка партија, рече Таравари.