Откако постои оваа Влада, во Собранието имало кворум само десетина или дваесетина седници, истакна генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари на Сител телевизија.
-Се собираат и набрзина ги гласаат сите закони. Фактички не функционираат. Велат имаме уште двајца, уште тројца уште пет души, меѓутоа времето покажа дека ова мнозинство нема плус ниту еден пратеник. Туку има тенденции кои што ги гледаме и тие се политички сигнали. Се двојат ЛДП, па БЕСА, па Турската партија, па не знам која друга партија. Тоа се политички сигнали што јавноста треба да ги увиди – рече Таравари.
Тој соопшти дека има и сигурни информации од тие политички партии дека имаат огромни незадоволства, бидејќи, како што рече, им е ветено многу од премиерот, а немаат добиено ниту четвртина.