1.2K
Министерот за здравство, Арбен Таравари, на неговиот фејсбук профил објави слики штипската болница, кои сведоча за катастрофалните состојби во овој здравствен дом.
„Нема потреба од демант за секојдневните пресови на опозицијата. Оваа е дел од тоа што ми оставивте од вашите здравствени политики… Од мојата посета во Штипските болници… Една слика повеќе од 1000 зборови!“, напиша Таравари, како одговор на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ преку кои опозициската партија го обвинува министерот за лошите состојби во здравството.
Тој пред неколку денови ја посети штипската кога изјави дека е шокиран од она што го видел.