Груевски во струшко: Кога ќе се вратиме на власт, ќе ги завршиме проектите што ги започнавме

by Фокус 19:12
19:12

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска посети неколку струшки села, каде се пофали дека многу проекти биле направени или започнати во негово време, но, истакна тој, не биле продолжени по доаѓањето на СДСМ па затоа ќе се завршат кога тој ќе се врати на власт.

-Завршена е спортската сала, која граѓаните долго време ја очекуваа, а исто така се исчисти и каналот, така што Дрслајца доби одредени работи кои што им беа неопходни. Останува понатаму да се види околу завршување на изградба на канализационата мрежа, што беше ставена во нашата изборна програма, но за жал не се реализира составувањето на Влада, така што сигурно ќе остане и во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт да се направи канализационата мрежа – изјави Груевски во Дрслајца.

- Advertising -

Второто населено место кое го посети Груевски беше селото Лабуништа, каде посочи:

-Лабуништа е големо место, таму имаше потреба од изградба на спортска сала, таа изградба тргна, но по неколку месеци запре поради геодетски работи, кои што требаше да се средат. За жал, новата влада подоцна со донесувањето на ребалансот ги укина средставата за спортскта сала и најверојатно тоа ќе биде нешто што ќе го почека враќањето на ВМРО-ДПМНЕ за да заврши. Во Лабуништа се заврши со изградбата на здравствениот дом, но тој не се екипираше со луѓе, опремата е набавена, но не се екипираше со вработени, така што се надевам дека во иднина барем тоа ќе го заврши новата влада…

Тој ги посети и селата Боровец и Јабланица, каде, во ист стил, порача дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе заврши многу проекти што ги започнала, иако ДПМНЕ цели 10 години беше на чело на државата, а се уште е на власт во повеќе од две третини од општините.

Поврзани новости