Таравари: Неколку илјади луѓе кои „гласале“ во Скопје и Кичево не биле во државава!

by Фокус

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека 74-те приговори што ги поднеле до Државната изборна комисија главно се однесуваат на купување на гласови и полнење на кутии на избирачки места во петтата и шестата изборна единица. Но, како што вели тој во изјава за Фокус, утврдиле и појава едно лице да гласа повеќе пати.

-Во Зајас, ако утре се направи попис, нема да има ни една третина од луѓето кои гласале. Како е можно тие што што не се во земјава да гласале? Може да се провери на граница дали овие луѓе кои наводно гласале на денот на гласање влегле во државата. Има такви неколку илјади луѓе во Скопје и во Кичево – истакнува Таравари.

Воедно, тој посочува и гласачко место во Општина Берово, кое спаѓа во третата изборна единица. Иако таму доминантни се етничките Македонци, според него, ДУИ испаднал како победник со освоени 249 гласови, што всушност претставува 37 отсто од гласовите. На ова гласачко место, истакнува Таравари, СДСМ освоил 169, ВМРО-ДПМНЕ 129 гласови, додека коалицијата ААА 98 гласови.

В.С.

Поврзани новости