359
По денешната средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, тој истакна дека АА ја поддржува ЕУ-агендата и се уште не добиле понуда за влез во владата.
„Разговаравме за европскиот пат на земјава, за борбата против корупција и функционирањето на правната држава, како и за блокираните закони кои се дел од европската агенда. Денеска не разговаравме за влез во Владата и не сме добиле понуда“, рече Таравари.