Таравари: Не разговаравме за кадровски решенија со Ковачевски!

by Fokus

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски истакна дека на состанокот не се разговарало за кадровски решенија.

„Можам да кажам дека 90 отсто од програмските определби се синхронизирани. За кадровските решенија воопшто не зборувавме, се надевам дека деновите што се пред нас, ќе ги отвориме и кадровските решенија. Се задржавме во програмските определби на нашата партија и владата“, рече Таравари.

Поврзани новости