Таравари: Не давам оставка за да не го растурам тимот

by fokus

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска изјави дека нема да си поднесе оставка од функцијата, иако е кандидиран за градоначаник за Гостивар.

-Кабинетот функционира беспрекорно. Има заменик министер, има државен секретар, кабинетот има проекти кои течат беспрекорно. Сега засега нема да дадам оставка, сметаме дека вака ќе функционираме и вака ќе продолжиме, има одредени проекти кои мора да течат. Да се растури сега тимот не би било коректно, мислам дека функционира добро. А по изборите, кога ќе ја преземам градоначалничката функција, ќе најдеме еден адекватен човек, за тимот да продолжи со работа, рече Таравари.

Тој додаде дека за време на изборната кампања нема да користи ниту друг ресурс од Министерството за здравство и дека на изборите сигурно ќе победи.

Поврзани новости