Таравари: Ќе продолжат инспекциите на скопските клиники

by Fokus

Mинистерот за здравство Арбен Таравари најавува дека инспекциите на скопските клиники ќе продолжат.

„Ненајавените инспекциски надзори ќе продолжат и во текот на викендот и во текот на следната недела. Целта е одблиску да се увиди состојбата во установите и да се донесат конкретни мерки, доколку се воочат определени недостатоци“, се вели во соопштението од министерството за здравство.

Општата санитарно-хигиенска состојба на Универзитетската клиника за гинекологија не е на задоволително ниво, покажал синоќешниот вонреден инспекциски надзор спроведен од инспектори од државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од кабинетот на министерот за здравство Таравари.

При надзорот е утврдено и дека во Ургентниот центар, на ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво, соопшти министерството за здравство.

Поврзани новости