358
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска во Будимпешта ќе потпише двегодишен договор за соработка помеѓу Република Македонија и Светската здравствена организација (СЗО), информираа од министерството за здравство.
Таравари таум ќе има и работна средба со директорката на СЗО, Зузана Јакаб.
Патувањето во Будимпешта на делегација од Министерството за здравство е по повод Регионалното собрание за Европа на СЗО, на кое Таравари утре ќе има и свое обраќање.