Шестмина повредени, од кои три деца, во сообраќајка кај Три Чешми

by fokus

Три деца и тројца возрасни се повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на магистралниот пат Штип-Велес, во атарот на селото Три Чешми, информираат од полицијата.

Децата поминале со полесни повреди и по укажаната помош се пуштени до домашно лекување. Двајца од останатите тројца повредени се задржани на лекување во Медицинскиот центар Штип, додека еден поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Сите шестмина се возеле во еден автомобил, „Форд фокус“, кој се судрил со автомобил, управуван од жител на селото Долно Црнилиште.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полициска екипа од СВР Штип.

Поврзани новости