Таравари ќе издвои пари од Општината за да му помогне на семејството Јосифовски, кое преживува со 2.300 денари месечно

by fokus

Семејството Јосифовски од гостиварската населба „Циглана“ преживува со 2.300 денари месечно, пари од социјална помош, куќата им е во состојба на распаѓање, а ќерката е болна и лице со посебни потреби. Велат дека не можат финансиски да го издржат трошокот за нејзиниот медицински третман.

Семејството веќе доби помош од месната заедница „Циглана“ од каде ветија дека ќе им го реновинараат домот. Граѓаните од населбата организираат хуманитарни акции за собирање финансиски средства и прехранбени производи, а денеска помош вети и Општина Гостивар.

Од кабинетот на градоначалникот, Арбен Таравари, денеска го посетија триленото семејство и нивниот дом.

Од општината ветуваат дека градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во согласност со своите овластувања, ќе донесе одлука за доделување на финансиска помош.

 

 

Поврзани новости