Таравари: Ќе го презедам министерството за здравство кога ќе биде подготвен Тодоров

by Fokus

Новиот министер за здравство Арбен Таравари, кој денеска во 12 и 30 часот требаше да го презеде ресорното министерство, жали поради немилиот настан што му се случи на екс министерот Никола Тодоров.

-Денес  требаше да се видиме со господинот Тодоров во 12.30 часот, меѓутоа се случи тоа што се случи. Многу сум среќен што тој и целиот негов тим се здрави и живи и не се повредени. Примопредавањето ќе го направиме кога тие ќе бидат подготвени – истакна Таравари.

Поврзани новости