Алијансата за Албанците влезе во преговори со БЕСА за поддршка во вториот круг од локалните избори. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со својот кандидат за градоначалник во Гостивар, Арбен Таравари, седнаа на кафе со лидерот на БЕСА, Билал Касами и кандидатот за градоначалник на оваа партија во Чаир, Зекирја Ибрахими.
На фотографијата која ја објави актулениот министер за здравство на својот фејсбук профил пишува „Продолжуваме заедно“.
Неофицијално дознаваме дека договор паднал, дека БЕСА и Алијанса за Албанците се договориле за соработка и меѓусебна поддршка секаде каде што нивните кандидати влегуваат во вториот круг. Меѓу овие општини е и Гостивар каде Таравари во првиот круг за влакно не го престигна кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта.
Од Алијансата велат дека утре на прес конференција официјално ќе ги соопштат деталите од нивниот договор.