Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари е избран за привремен В.Д. претседател на Алијансата за Албанците на денeшното централно претседателство на партијата кое се одржува во Скопје.
„Фокус“ вчера објави дека Таравари ќе биде наследникот на Зијадин Села на чело на Алијанса за Албанците.
Тој вршител на должност се до вонредниот конгрес што треба да се одржи во декември, на кој треба да добие полн мандат како партиски лидер.
Села поднесе оставка од лидерската позиција откако партијата не освои ниту едно советничко место во општина Тетово на последните избори.
На денешното Централното собрание, покрај изборот на нов в.д. претседател на Алијансата за Албанците, се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на АА во Собранието.