Министерот за здравство Арбен Таравари денеска од Америка им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека доколку не се смират и не престанат да шират паника за инфекцијата во Гостивар, да се јават кај специјалисти психијатри.
-Одлучив да одговорам на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара мојата оставка, не поради тоа, туку затоа што сфатив дека не ја сфатиле како што треба ситуацијата.
Сите членови на оваа партија најпрво јас ги гледам како граѓани и имам должност да ги смирам во случај кога ќе има паника. Сите жители на Република Македонија разбраа, фала му на Господ, се е под контрола.
Граѓаните се паметни па затоа одлучија да и веруваат на изјавата од цела армија на лекари, не знам што ве тера вам да не се смирите!
Повторувам со професионална и морална одговорност дека тажниот случај на двата изгубени животи во Гостивар, беше резултат на една акутна инфекција, но за среќа успеавме да изолираме и не само што 7-те инфектирани пациенти се надвор од животна опасност, дури и самата епидемија нема ризик да се активира на пандемично ниво.
Ова е последен пат да ја дадам оваа изјава, но во случај, меѓу членовите на оваа партија да има уште исплашени, тогаш треба веднааш да се јавите кај специјалисти психијатри, бидејќи сум оптимист дека ќе најдете решение, напиша Таравари.
Тој додаде дека кога степенот на паника е висок, ја заматува логиката, го зголемува хипокондризмот, причинува тешко дишење и е потенцијален ризик за губење на контрола.
-Ако овие лица, поради некоја причина се наоѓаат во вакви околности, не треба да се чувствуваат депресивни или безнадежни, бидејќи лекарите специјалисти би ви помогнале многу, им порача министерот на вмровците.