Бејли: САД работи на тоа да ја види Македонија во НАТО

by fokus

САД работат да ја видат Македонија како станува дел од НАТО, било да е преку поддршка на реформите за зајакнување на демократијта или вежби како што е „Dragoon Guardian 17“, порача денеска американскиот амбасадор Џес Бејли на пристигнувањето на американската војска во Куманово.

-Заедничките вежби како оваа ги поврзуваат нашите војници. Работејќи заедно нашите војници развиваат меѓусебни лични врски, врски кои ги поврзуваат нашите земји, но истовремено тие претставуваат и гаранција дека нашите две армии можат заеденички да комуницираат и да функционираат, рече Бејли.

Тој потсети дека следната недела заменик- претседателот Пенс ќе патува во Црна Гора и ќе се сретне со лидерите на Самитот на Јадранската повелба. Нагласи дека минатиот месец во Вашингтон, Пенс истакнал оти политиката на НАТО за отворена врата мора секогаш да остане таква за сите оние земји што ги споделуваат вредностите.

Поврзани новости