477
Седумтемина пациенти од Гостивар, кои се хоспитализирани на Инфективната клиника, се во стабилна состојба, информира министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во моментот е во посета на САД.
Инаку, денеска се очекува да биде познато од што починале двајцата мажи на возраст од 23 и 50 години. Лекарите се сомневаат во повеќе заразни болести кои се пренесуваат преку животни, меѓу кои хеморагична треска и туларемија.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа оставка од Таравари, затоа што починале двајца пациенти од Гостивар.