Таравари го победи Бејта во Гостивар со разлика од 965 гласа

by Fokus

Со победа од 16.920 гласови, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците го освои Гостивар и му ја зеде победата на својот противкандидат Невзат Бејта, кој досега управуваше со оваа општина.

Според 100 проценти обработени податоци на ДИК, за Таравари гласале 16.920, а за Бејта довербата ја дале 15.955 гласачи, што значи кандидатот на Алијансата за Албанците ја однесе победата за 964 гласа.

Поврзани новости