Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека пред месеци во неговиот дома дошле четири вооружени лица, како што вели, од ДУИ, и му се заканувале по неговиот живот.
-Поголем дел од функционeрите на СДСМ беа во криминал, дури и ги надминаа Груевски и Мијалков. Директорот на финансова полиција правеше крш во Гостивар, закани, притисоци. Полициската станица во Гостивар е станица на ДУИ, не е на граѓаните. Командирите на Тетово и Гостивар се партиски полицајци. Немате каде да пријавите ако нешто ви се случи. Јас имав закани по живот. Дојдоа кај мене дома четири вооружени бандити на ДУИ. Ако ги пријавиш во полициска станица исто како да си ги пријавил во Мала Речица. Јас лично пријавив кај министерот, тој ми рече пријавете во полициска станица. Пред три месеци, ако доаѓаат вооружени дома кај градоначалник, што може кај обичен граѓанин, рече Таравари.