Во Законот за локална самоуправа се уште стои „Република Македонија“

by fokus

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во изјава за телевизија Телма побара новите советници во општините да го почитуваат Уставот како највисок правен акт и во свечените изјави односно заклетвите да стои уставното име Република Северна Македонија.

Сепак, тој признава дека во Законот за локална самоуправа сè уште стои името „Република Македонија“. За да се направат измените потребно е двотретинско мнозинство, што во моментов тешко може да се постигне.

-И во тие заклетви тие кажуваат дека ќе се водат и ќе работат согласно Уставот и законите, а во овој случај тие уште непочнати да работат го кршат Уставот и тоа не е добро. Јас можам да ги охрабрам и понатаму ако сакаат нека си работат вака, меѓутоа паушалот што ќе го добијат од Северна Македонија нека го враќаат, ако се толку доследни и сакаат нешто да прават еве нека ги враќаат паушалите бидејќи не им идат од Република Македонија туку од Северна Македонија, вели Милевски.

Поврзани новости