Тапа странски служби – Груевски не им бил важен и не го прислушкувале!

by lali

Еве, од престот на СЈО дознавме дека единствено не бил следен телефонот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Какви се тоа странски служби ако тогашниот премиер не им бил важен, а им биле важни сите други во Власта, опозицијата, новинарите и опкружувањето?

Навистина е поразително на човек што работи 24/7 да не биде таргет на озогласените странските служби за разбранување на Македонија кога баш тој е главниот борец за подобро утре. Можеле барем сите добронамерни идеи да му ги пресретнат и уништат, ама изгледа воочиле дека нема такви идеи, па и затоа не го прислушкувале. Којзнае, истрагата ќе покаже, обвиненијата ќе докажат!

 

 

Поврзани новости