Утре панел дискусија за младинските потреби во програмите на политичките партии

by fokus 14:22
14:22

Во ЕУ Инфо Центар утре во 11 часот ќе се одржи панел дискусија на тема „Младинските потреби во програмите на политичките партии“.

Од организацијата- домаќин, People to People International Skopje, истакнуваат дека овој настан се организира со цел да се артикулираат младинските гласови во време на предвремените парламентарни избори и да се истакнат заложбите на младите како клучен фактор во разрешување на политичката криза во Република Македонија.

- Advertisements -

На настанот ќе зборуваат пет млади луѓе на пет различни теми: Симона Спировска (актерка)- култура, Александра Филипова (Младински образовен форум)- образование, Ема Ананиевска (студентка)- вработување на лицата со попреченост, Ирена Стеријовска (граѓанска активистка)- граѓански активизам и Иван Дургутов (дипломиран правник)- младинско избирачко право.

После излагањето на говорниците, присутните гости ќе може да се вклучат во дискусија.

Поврзани новости