451
Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски не го издржа притисокот од јавноста. И покрај тоа што изминативе денови тврдеше дека не чувствува одговорност, според информации од Комисијата тој си поднел оставка која ја доставил утринава до Собранието.
Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков. Нивното повлекување од Комисијата следи откако беше објавен скандалот со злоупотреби на патните трошоци од страна на членови на Комисијата.