Нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска утринава замина во Израел, каде ќе ја сними евровизиската видео разгледница.
Таа ја сподели веста со јавноста на социјалните мрежи, додавајќи дека ова е нејзино прво патување во Израел.
Тодевска ќе настапи на Евросонг 2019 во Експо – центарот во Тел Авив на втората полуфинална вечер, на 16-мај, со песната „Proud”. Финалето пак, ќе се одржи на 18-ти мај.
Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски.
ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот Евросонг.
Во известувањето се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија.
Вики Клинчарова