Скопјанец прегазил 11-годишно момче кое управувало велосипед

by fokus

Вчера попладне, на патот Ратае-Желино од автомобил било прегазено 11-годишно момче кое управувало велосипед.

„На 24.03.2019 околу 12.45 часот на регионалниот пат Ратае-Желино, во с.Шемшово- тетовско, патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(48) од Скопје, удрило во 11-годишно дете од Шемшово, кое управувало велосипед. Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости