Тамара стана актерка, вечерва премиера на трејлерот во Скопје!

by fokus

Оваа сабота, 05.06.2021 година, во Скопје започнува приказната на една нова експлозивна филмска акција. Новата македонска серија насловена како BLACK OPS, со огромна брзина го зголемува интересот кај фановите.

Квалитетната актерска фела, составена од David Mukka, Христијан Тасковски -Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови- информираат од продукцијата.

Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски).
Поканети се сите заинтересирани да дојдат на платото пред Skopje City Mall – од страната на Trend Caffe, од 19:15 до 22:00 часот, каде што ќе биде приредено вистинско изненадување.
Ексклузивната премиера од затворен карактер, на трејлерот на BLACK OPS, ќе се одржи во Cineplexx, со почеток во 20:00 часот.

-Black Ops е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател-соопштија од продукцијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости