Тамара од Тел Авив: Сигурна сум дека вечерва ќе ве направиме горди!

by fokus

Вечерва во Експо центарот во Тел Авив нашата претставничка Тамара Тодевска ќе се бори за влез во финале на Евровизија. Таа ќе настапи 17-та по ред, односно претпоследна, со моќната балада ,,Proud”. Судејќи според досегашните реакции на јавноста, песната е добро прифатена и се очекува добар пласман.

Од Тел Авив, по пресрет на втората полуфинална вечер, Тодевска порача дека ќе го даде максимумот. -Верувам во нашата песна и нашиот тим. Верувам дека ќе го дадеме максимумот. Имам одличен тим и луѓе со кои секојдневно се гордеам и ме прават подобра личност. Вечер ќе ве направиме горди, сигурна сум во тоа – изјави пејачката.

Покрај неа, вечерва во Тел Авив за влез во финале ќе се борат и претставниците на Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Латвија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азербејџан. Големото финале ќе се случи на 18-ти мај.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости