ВМРО-ДПМНЕ му остави метла на Заев пред Собрание и му порача да го „смете“ Богоевски

by fokus

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска од пред Собранието со метла му порача на премиерот Зоран Заев да не се мисли и прв да го „смете“ Павле Богоевски од пратеничката функција по скандалот со објавената аудио снимка.

„Богоевски призна дека нелегално купувал наркотични супстанци и го прекршил законот. Како што слушнавме на снимката од анонимен свиркач, Богоевски набавувал кокаин, па прашуваме дали тој има легитимитет како пратеник да одлучува во име на народот. Богоевски треба да одговори од каде вршел набавка, дали ја препродавал дрогата и колку време е корисник на нарко-супстанци. Доколку е чист уште вчера требаш да направи тест за дроги. Ги повикуваме надлежните институции и ОЈО да покрене постапка и да го затвори случајот, а Заев веднаш да се фати за метлата. Ако нема, еве ние му оставаме една пред Собрание“, изјави Стојановска.

Пратеничката кажа и дека во рамки на законските можности ќе покренат иницијатива пред Собранието со цел Богоевски да го напушти законодавниот дом односно да му се одземе мандатот.

Поврзани новости