Седумгодишната Талиа Василова од Кавадарци ќе учествува на Интернационалниот детски фестивал ,,Чаробна Фрула” кој што ќе се одржи на први и втори декември во Загреб, Хрватска.
Малата кавадарчанка е единствениот претставник од Македонија на настанот, на кој ќе учествуваат 69 солисти, со 61 песна, од дванаесет земји од светот. Таа ќе настапи во живо со својата песна ,,Балерина” во познатата концертна сала ,,Ватрослав Лисински” во Загреб, и ова е нејзин втор меѓународен натпревар по соло пеење. За прв пат се натпреваруваше во Ќустендил, соседна Бугарија, каде го освои третото место.
,,Чаробна фрула” годинава се одржува по четвртти пат и е доста популарен музички настан во регионот. Текстот за песната е на Тиана Димова, додека музиката е на Даниела П. Маџункова, а аранжманот на Васко Ристов.
-Талиа е талентирана и музички образувана, член е на клуб за танци Линеа од Кавадарци. Свири пијано и има учествувано на многу натпревари, хуманитарни концерти и фестивали како балерина и како солист на локално, регионално, но и на меѓународно ниво. Иако има само седум години доста е успешна и со нејзините настапи како дел од тандемот Танини од Кавадарци како солист, но и балерина, заедно со нејзиниот брат Никола, кој свири на кларинет. Како Танини тие учествуваат на повеќе настапи и промовирани се на повеќе телевизии и медиуми – ни раскажа нејзиниот татко Горан Василов.
Малата амбасадорка на град Кавадарци и на Македонија била голема обожавателка на Каролина Гочева. Наредниот период и претстоеле многу настапи, снимања на песни и спотови и учества на повеќе натпревари. Нејзините родители велат дека е секогаш насмеана и со труд и љубов го покажува талентот во областа на музиката и балетот.
Вики Клинчарова