„Апсолутно не се чувствувам виновен“, рече Владимир Талевски, поранешниот градоначалник на Битола, на денешното судско рочиште во судот во Битола, каде што му се суди за негрижа за Офицерскиот дом. Тој додаде дека обвинението е апсурно и неосновано.
Обвинителството пак тврди дека Талески иако бил свесен за обврската, не обезбедил соодветни мерки за заштита на Офицерскиот дом. Па така, во 2016 година, се оштети гламурозниот лустер во домот, кој се сметаше за движно наследство на градот.
Одбраната на Талески, пак, истакна дека ќе докажат дека во 2016 година, кога наводно Талевски го сторил кривичното дело, немало оштетување на ентериерот во домот, бидејќи сликата била иста од 2010 година.
Адвокатот на Талевски пак рече дека лустерот од балската сала што во обвинението се прикажува како непроценливо богатство, всушност е како и секој лустер, само поукрасен и погломазен.