Талевска го изгуби судскиот спор со Шилегов

by Фокус 11:09
11:09

Главната уредничка во дневниот весник „Вечер“ и уредник во телевизијата „Сител“, Ивона Талевска, ја загуби тужбата за клевета и навреда која ја поднесе против Петре Шилегов од СДСМ за неговите прес конференции во врска со договорот за набавка на медицинска опрема во вредност од милион евра на фирма на мајкатата на Талевска со министерството за здравство, објави Нова ТВ.

Во пресудата се наведува дека наводите на Шилегов всушност ги потврдил и самиот министер Никола Тодоров, кој јавно посочи дека овој договор е неетички па затоа и го раскинал.

-Секогаш кога ние ќе увидиме дека има определена работа, која што е спротивна на нашите морални или етеички вредности, ние презимаме мерки. Тоа е мерката што ја преземавме. Го раскинавме договорорт. До тука сум веројатно целосно јасен – рече Тодоров.

Судијата Нухи Рустеми во пресудата наведува дека дека Судот цени оти со оваа изјава на Тодоров се потврдува вистинитоста на фактите содржани во изјавите на Шилегов, а со која, според него, се исклучува одговорноста за наводната навреда и клевета.

„Тужителката влегува во личности од јавниот живот, чиј праг на толеранција е поголем за разлика од кај приватните лица, а тужениот како портпарол на политичка партија само презентирал на јавноста документи издадени од државни органи од кои се увидува фактичката ситуација“, пишува во пресудата.

Поврзани новости