Талески пак не се појави на распит пред СЈО

by fokus

Иако денеска беше повикан на распит пред Специјалното јавно обвинителство, битолскиот градоначалник Владимир Талески не се појавил, ниту пак дал објаснување за неговото отсуство.

СЈО побарало од Кривичниот суд во Скопје, градоначалникот да биде спроведен од својот дом во Битола, каде издржува куќен притвор, во просториите на СЈО за да даде исказ за случајот „Транспортер”.

– Осомничениот, иако денеска требаше да дојде и да даде исказ, не се појави. Поради ова побаравме информација од судот, од каде бевме известени дека судијата на претходна постапка уште во петокот по електронски пат и по пошта го испратил решението до полицијата во Битола – изјавија од СЈО за Мета.

Од таму додаваат дека „преку ургенции“ прават напори во некои од наредните денови тој да дојде и да даде исказ.

Талески во случајот „Транспортер” се сомничи за коруптивни тендери со школскиот превоз, во износ од 360 000 евра.

Поврзани новости