Талески останува во затвор – Врховен прв пат ја одби аболицијата

by fokus

Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудите што ги донесоа пониските судови за поранешниот битолски градоначалник, Владимир Талески за случајот „Транспортер“, кој веќе ја издржува затворската казна.

Тоа значи дека Талески останува во затвор, но Врховниот суд за прв пат се произнесе и за аболицијата дадена од поранешниот претседател, Ѓорге Иванов и не ја прифати, по одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, според кој обвинетите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23 со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, го отфрли како недозволено, се вели во соопштението на Врховен суд.

Овој предмет беше под лупа на Судскиот совет бидејќи Апелација долго време одлучуваше за него и прв за кој домашен суд требаше да се произнесе по одлуката на Стразбур.

 

Поврзани новости