ВМРО-ДПМНЕ ги повика партиите да испратат писмо до Иванов за преиспитување на одлуката

by Фокус

Владејачката партија утрово испрати соопштение во кое вели дека ќе предложи четирите најголеми политички партии да испратат писмо до претседателот Ѓорѓе Иванов за да ја преиспита одлуката за општа аболиција.

-Одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до Претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија во текот на денот ќе стапи во контакт со останатите три политички партии и ќе им го понуди овој нивен предлог.

Поврзани новости