414
Владимир Талески денеска за првпат треба да седне на обвинителна клупа за случајот на СЈО Транспортер, за злоупотреби на превоз со ученици.
Градоначалникот, заедно со уште 22 лица, се сомничат дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневериле 360.000 евра народни пари.
Во предметот освен градоначалникот Талески осомничени се вработени во општината, директори на училишта од Битола и газди на фирми. Битолскиот градоначалник во текот на истрагата помина три месеци во куќен притвор, па со жалба до Апелацијата излезе на слобода.