Груевски денеска во суд за нарачаните шамари за Жерновски

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска треба да седне на обвинителна клупа за „шамарите“ што ги порача во 2013 година за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Последното рочиште јуни беше одложено бидејќи списите на предметот се во Апелациониот суд, откако СЈО поднесе жалба на казните од по 2 илјади евра за обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи за непочитување на судот и судијката Михајлова.

Обвинети во овој случај што го покрена Специјалното јавно обвинителство се Груевски, поранешниот министер за транспoрт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и десетина други лица.

Поврзани новости