Градоначалникот на Битола, Владимир Талески вели дека нема да си поднесе оставка, бидејќи не направил никаков криминал. Не ги слушнал телефонските разговори од последната „бомба“ на СДСМ, во кои министерот Ставрески го нарекува криминалец, но не му се лути.
-Имаше натегања во врска со транспортот на ученици и греењето во училиштата. Искрено ме радува сериозноста на министерот Ставрески. Тоа е период пред локалните избори. Инаку, со него имам одлична соработка, – изјави Талески.
Тој вели дека цените за превоз на децата навистина биле повисоки, но тоа било наследено од претходно кога договорите не биле во надлежност на локалната самоуправа. Подоцна ги намалил цените. За ова прашање, како што тврди битолскиот градоначалник, била формирана и комисија, која извршила ревизија и било констатирано дека се работело законски.