389
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, утре во 12:00 на пладне ќе потпише Решение за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје, соопштија од неговиот кабинет.
По потпишувањето најавена е кратка изјава за медиумите.
Со оваа најава завршува неизвесноста како и шпекулациите кои се појавија во јавноста, за евентуално одложување или пролонгирање на датумот за локалните избори.