371
Во Кривичниот суд денеска почна судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на настаните во Собранието на 27 април минатата година. На обвинителна клупа седат десетмина обвинети, а Села не дојде на рочиштето.
Во судница се присутни и деветмина сведоци, а единствено не се појави собранискиот спикер Талат Џафери. Тој утрово го известил судот дека поради работни обврски е спречен да дојде во својство на сведок на судењето. Судскиот процес го води судијката Славица Андреевска.
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села беше тешко повреден при упадот и насилствата на 27 април 2017 година во Собранието.