Другарките на осмооделенка во Тетово пријавиле кај директорот дека татко и сексуално ја вознемирува

by fokus

Директор на основно училиште во Тетово пријавил вчера во полициска станица дека таткото на една ученичка сексуално ја вознемирува. За случајот дознал од две други ученички од осмо одделение, кои кажале дека нивната 14-годишна другарка била психофизички и сексуално малтретирана од страна на нејзиниот татко.

Во извршен разговор со директорот, девојчето го потврдило кажаното.

Од полицијата велат дека врз неа бил извршен гинеколошки преглед и констатирано е дека нема видливи повреди, по што е земен брис за вештачење.

Таткото на девојчето е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости