Талат Џафери ја вратил интерпелацијата поднесена против него

by fokus

Собранискиот спикер, Талат Џафери ја вратил на корекција интерпелацијата што ја поднесе Левица против него бидејќи документот не бил поднесен со уставното име на земјава.

Оваа одлука на Џафери ја објави пратеникот од Левица, Борислав Крмов чија партија поднесе интерпелација
бидејќи, според нив, собранискиот спикер го прекршил Уставот зборувајќи на албански јазик пред европските институции.

– Спикерот Талат Џафери нема храброст да се соочи со пратениците и ја враќа интерпелацијата против него! Член 136 кој тука е наведен, се однесува на општи прекршувања на Деловникот. Џафери нема наведено ништо конкретно зошто интерпелацијата е вратена. Подолу дури изигрува обвинител и Уставен суд, па суди што било во согласност со позитивното право на РМ, а што не. Иако тоа не е негова работа. И секако, продолжува со дискриминација на пратениците (не) Албанци форсирајќи двојазични документи по секоја цена. Оти му се може. А премиерот со прстот во уста. Битно парата се врти, напиша Крмов на Фејсбук.

Тој на денешната прес-конференција рече дека досега сите амандмани тие ги поднесувале до Собрание со С. Македонија и ова за него предизвикува дополнителен сомнеж за одбивањето на интерпелацијата.

Според образложението што го испратил Џафери, тој се повикува на членот 136 од Деловникот и позитивното право. Бара интерпелацијата да се коригира во рок од 15 дена.

Поврзани новости