За да испратиме астронаути нѝ треба политичка волја и пари, сѐ е можно, тврди член на Бугарската академија на науки

by fokus

Директорот на Институтот за вселенски истражувања на Бугарската академија на науките Георги Желев во изјава за бугарските медиуми нагласи дека државата треба прво да стане полноправна членка на Европската вселенска агенција за обука на астронаути, а потоа бугарски граѓани можат да аплицираат за работа во агенцијата.

-Во денешно време, сѐ е можно, потребни се политичка волја и финансиски средства, изјави за 24 Часа Желев.

Неговата изјава е коментар на предлогот на лидерот на политичката партија „Има таков народ“, Слави Трифонов да испрати бугарски астронаути во вселената, заедно со астронаут од Република Северна Македонија.

Според него, Бугарија во моментов е во претпристапниот период за членство во Европската вселенска агенција, што трае пет години.

-Во зависност од политиката и докажаните надлежности на Бугарија, овој период може да се продолжи за уште 5 години и, соодветно, да се понуди влез и да станеме полноправни членки, објасни Желев.

Поврзани новости