607
15-годишно девојче од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако вчера околу 15.00 часот била удрена на пешачки премин од такси-возило. Ударот се случил на крстосницата на улица “Московска” со улица “Женевска”.
Според полицијата со такси-возилото “Фиат Линеа“, со скопски регистраски ознаки, управувал 57-годишниот таксист со иницијали В.Б.
По незгодата малолетничката била пренесена во Градска општа болница “8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош, е задржана на понатамошно лекување.