407
Не смееме да го спориме унапредувањето на јазиците на сите наши заедници, треба тоа да го разбереме, изјави претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Таки Фити во вечерашното интервју на телевизија Телма.
-Неопходно е да се работи низ заеднички проекти, образование, комуникација, низ проучување на традициите, обичаите и различностите и да се обединуваме со заемна толеранција, рече Фити.
За спорот со името со Грција, тој констатира дека во науката и културата проблемите се помали и додаде дека е неопходно, токму во овие сфери соработката да продолжи. За економската состојба, рече дека во моментов објективна опасност од банкрот на државата нема.